ТК МЛАДОСТ main image
ТК МЛАДОСТ

ТК МЛАДОСТ

• Теквондо •

Телефон076 220 433

Таеквондо клуб Младост: Дисциплина. Почит. Развој.

ТК Младост е таеквондо клуб што работи со деца и млади од 4 години нагоре. Тренингот го прилагодуваме на возраста. Најмалите учат преку игра: координација, рамнотежа, слушање и почитување правила. Поголемите деца учат вистински техники, полагаат за нови појаси и се подготвуваат за натпревари.

Кај нас детето не учи само удари и блокади. Учи самоконтрола, упорност и почит кон другите, и учи кога не треба да влезе во конфликт. Родителите често ни кажуваат дека промената ја гледаат и дома и на училиште.

Каде тренираме:

  • Трубарево: Понеделник, Среда и Петок
  • Илинден: Вторник, Четврток и Сабота
  • Петровец: Вторник и Четврток

Нашите натпреварувачи редовно освојуваат медали на домашни и меѓународни турнири. Клубот е и организатор на меѓународниот турнир ILINDEN OPEN.

Тренерите се искусни и посветени, и работат со секое дете поединечно, со трпение и внимание. Детето не мора ништо да знае за да почне.

🥋 Првите 3 тренинзи се бесплатни. Дојдете, пробајте, па одлучете.

📞 076 220 433

Пол

Машки и Женски

Возрасни групи

Предучилишна (3-6)
Училишна (6-10)
Тинејџери (10-14)
Јуниори (15-19)

Овој клуб нуди:

Летни тренинзи
Камп активности
Бесплатен прв тренинг
Учество на натпревари

Го цениме вашето мислење

Забележавте грешка, неточна информација или нешто навредливо? Или имате предлог за нас? Кажете ни.