Политика за приватност
1. Кои сме ние
SkillStation е онлајн платформа за објавување и пребарување на клубови, активности и настани.
Во оваа фаза, платформата е во развој и не вклучува плаќања.
2. Кои податоци ги собираме
2.1 Податоци при регистрација
Кога креирате профил, може да ги собереме следните податоци:
- име (доколку е внесено)
- email адреса
- лозинка (шифрирана)
- начин на најава (email или Google)
Доколку се најавувате преку Google, може да добиеме:
- име
- email адреса
(во согласност со поставките на вашиот Google профил)
2.2 Податоци за клубови
Доколку креирате или управувате клуб:
- име на клуб
- опис
- локација
- контакт информации
- слики (upload)
2.3 Технички и лог податоци
За стабилност и безбедност, автоматски собираме:
- IP адреса
- информации за уред и прелистувач
- логови за активности (на пример: најава, промени, акции во системот)
Овие податоци се користат за:
- безбедност
- откривање злоупотреба
- техничка анализа
2.4 Аналитички податоци
Со ваша согласност, користиме Google Analytics 4 за анализа на користење на веб-страницата.
Може да се собираат податоци како:
- посетени страници
- време поминато на страницата
- извор на посетата (на пример: социјални мрежи или кампањи)
Доколку не дадете согласност:
- не се користат аналитички колачиња
- може да се користи ограничено, анонимно мерење без колачиња
2.5 Маркетинг податоци
Со ваша согласност, користиме Meta Pixel за следење на ефективноста на маркетинг кампањите.
Ова може да вклучува податоци како:
- посета на одредени страници
- интеракции со содржината
- настани како регистрација
Овие податоци:
- се обработуваат во агрегирана форма
- не се користат за директна идентификација од наша страна
Meta може да ги обработува овие податоци според нивните политики за приватност.
Meta Pixel се активира само доколку дадете согласност за маркетинг колачиња.
2.6 Јавно достапни податоци (Public Content)
SkillStation е платформа каде корисниците можат да креираат и објавуваат содржина за клубови.
Сите информации што се внесуваат и објавуваат како дел од клубови се сметаат за јавно достапна содржина и може да бидат видливи за сите посетители на платформата.
Ова вклучува, но не е ограничено на:
- име на клуб
- опис на клуб
- локација и адреса
- контакт информации (вклучувајќи email, телефон и социјални мрежи)
- фотографии и медија
- други податоци кои корисникот доброволно ги додава
Овие податоци се прикажуваат јавно со цел да се овозможи функционалноста на платформата.
Кориснички профили
За регистрирани корисници, јавно може да биде прикажано само:
- име (или корисничко име доколку е применливо)
Лозинки и податоци за автентикација се секогаш приватни и не се достапни за јавноста.
Идни функционалности
Платформата може во иднина да овозможи дополнителни функционалности како:
- креирање на настани и кампови поврзани со клубови
- дополнителни типови на содржина поврзани со клубови
Сите такви податоци, доколку се објавени од страна на корисниците, ќе следат ист принцип на јавна достапност.
3. Како ги користиме податоците
Вашите податоци се користат за:
- креирање и управување со профил
- овозможување на функционалностите на платформата
- подобрување на услугата
- комуникација со вас (доколку е потребно)
- безбедност и спречување злоупотреба
4. Каде се чуваат податоците
Податоците може да се чуваат и обработуваат преку:
- систем за содржина (Sanity)
- cloud складирање за слики (AWS S3)
- база на податоци за логови и активности
Сите податоци се чуваат со соодветни технички и организациски мерки за заштита.
5. Споделување на податоци
SkillStation не продава лични податоци.
Податоците може да се споделат само со доверливи сервиси за:
- хостирање и инфраструктура
- аналитика (Google Analytics)
- автентикација (Google login)
Секое споделување е ограничено на она што е неопходно.
6. Колку долго ги чуваме податоците
Податоците се чуваат:
- додека имате активен профил
- или колку што е потребно за законски или технички цели
Лог податоците може да се чуваат подолг период за безбедносни цели.
7. Ваши права
Имате право да:
- побарате пристап до вашите податоци
- побарате исправка
- побарате бришење
- се спротивставите на обработка
За овие барања, контактирајте не на email адресата подолу.
8. Безбедност
Преземаме соодветни мерки за заштита на податоците од неовластен пристап, губење или злоупотреба.
9. Промени на политиката
Оваа политика може да се ажурира. Во случај на значајни промени, ќе бидете известени преку веб-страницата.
10. Контакт
За прашања поврзани со приватноста, контактирајте не на:
info@skillstation.mk
