
YoFit Studio
• Хата јога • Вињаса јога • Аштанга јога • Интегрална јога • Медитација и дишење •
YoFit Studio
Јога во Скопје за свесно движење, повеќе енергија и внатрешен мир
YoFit Studio е јога студио во Скопје, наменето за оние кои сакаат преку свесно движење, правилно дишење и јога практика да создадат подобар баланс помеѓу телото, умот и секојдневниот живот.
Во студиото се практикуваат различни пристапи кон јогата, меѓу кои Хата јога, Винјаса јога, Аштанга јога, Кундалини јога, Јогалатес и Интегрална јога, овозможувајќи избор според индивидуалните потреби, искуство и цели. Практиките можат да помогнат во подобрување на флексибилноста, мобилноста, телесната свесност и концентрацијата.
Хата јогата нуди внимателен пристап кон положбите, дишењето и свесното присуство, додека Винјаса јогата го поврзува движењето со здивот во поконтинуиран тек. За оние кои сакаат подинамична и дисциплинирана практика, Аштанга јогата претставува структуриран пристап со фокус на континуитет и посветеност. Кундалини јога претставува комбинација на движења, техники на дишење и звук. Додека, Јогалатес е уникатен час кој ги обедниува јогата, пилатесот, свесното дишење и водената медитација.
Посебен дел од понудата е Интегралната јога, која го гледа човекот како целина и ги поврзува физичката практика, дишењето, концентрацијата и внатрешната свесност. Со тоа, јогата не се сведува само на физички вежби, туку станува простор за подобро запознавање со сопственото тело и ум.
Во YoFit Studio внимание се посветува и на медитацијата и техниките на дишење. Свесното дишење може да биде едноставен начин за забавување на темпото, подобрување на концентрацијата и создавање чувство на смиреност во текот на денот.
Програмите се наменети за јуниори и возрасни, а пристапот е погоден и за луѓе со динамичен секојдневен ритам кои сакаат практичен начин да внесат повеќе движење и свесност во својата рутина.
YoFit Studio создава простор во кој јогата може да стане редовна практика за повеќе енергија, подобра телесна свесност, концентрација и внатрешен мир. За оние кои сакаат да започнат, достапен е и бесплатен прв тренинг.
Пол
Возрасни групи
Овој клуб нуди:
Галерија





