Винг Чун - Кунг Фу „ТАО“

• Кунг-фу •

Телефон072 314 004

Винг Чун самоодбрана во Скопје за тинејџери (14+) и возрасни

Научи како да се заштитиш себеси и луѓето што ти се најважни.

Винг Чун - Кунг Фу „ТАО“ е современа школа за самозаштита и самоодбрана во Дебар Маало, Скопје.

Не тренираме за појаси, натпревари или да изгледаш опасно (а да не си).

Тренираме за:
Да можеш офанзивно да дејствуваш кога ситуацијата навистина ќе стане опасна и работите нема да одат по план.

Тренираме наспроти овие три TAO претпоставки за реалност… дека:

1. Напаѓачот е секогаш поголем, посилен, побрз и понепредвидлив од тебe
2. Се работи за повеќе напаѓачи
3. Кои имаат некаков вид на оружје

Бидејќи предаторите напаѓаат кога мислат дека имаат предност над тебе или мислат дека си лесна „мета“.

Основата е Винг Чун (Wing Chun) по Вонг Шун Леунг линија (Wong Shun Leung бил главниот учител на Брус Ли во и надвор од школата на Јип Ман), интегрирана со елементи од други боречки вештини, меѓу кои борење (слободен стил) и кикбокс, како и концепти од Џит Кун До („Задржи тоа што е корисно лично за тебе, отфрли го сето друго што не работи.“ — Брус Ли)

Не учиш однапред зададени техники или скриптирани сценарија.
Со Т.А.О. Методот (Таргетирај, Акција/Дејствувај, Онеспособи), учиш како да постапиш во сите 3 Дела на Самозаштитата... да:

1. Препознаеш и избегнеш опасност
Не секој конфликт треба да стане борба.

2. Деескалираш конфликт
Да останеш смирен, да поставиш граници и да излезеш од ситуацијата без физички напад кога тоа е можно.

3. Се одбраниш кога нападот е неизбежен (самоодбрана)
Да останеш офанзивно функционален под притисок, да создадеш можност за повлекување и да ја запреш заканата.

Целта не е да учиш што да правиш „на памет“. Целта е да знаеш зошто нештото го правиш, кога го правиш, како го правиш и дали функционира кога нештата не одат според планот.

Напредуваш постепено низ 6 чекора:
Основа → Контакт → Влез → Онеспособување → Притисок → Адаптација

И напредокот не го мериме по тоа колку техники си запаметил или колку години вежбаш. Го мериме по тоа што навистина можеш да направиш и си го докажал сам на себе.

Најпрво тренираш лично со мене се додека основата не е помината, па потоа ќе тренираш со партнер, и постепено ќе работиш под поголем и поголем притисок за да научиш како да функционираш офанзивно кога некој те попречува, се спротивставува или кога првото решение не работи.

Не мора да бидеш голем, силен, или спортски тип за да започнеш.

Потребно е само да дојдеш и да тренираш.

Твојот прв тренинг е бесплатен и без обрска за упис!

Термините се:
- Вторник и Четврток од 20:00ч - 21:30ч
- и Сабота од 15:00ч - 16:30ч

Пиши ми или јави се за да го резервираш твојот прв бесплатен тренинг на:
+389 (0) 72 314 004

Чувај се,

Ѓорѓи Цветковски (основач и инструктор)
16+ години искуство во повеќе боречки вештини
⭐⭐⭐⭐⭐ Преку 47 рецензии (5.0) од моите ученици на Google Maps.

П.С. Благодарам за твојот интерес да научиш како да се заштитиш себеси и твоите најблиски. Светот станува побезбедно и подобро место секој пат кога одговорни граѓани учат за боречки вештини.

„Винг Чун никогаш, никогаш не зборува за обично блокирање на напад, туку за враќање со друг напад. Нападот е најдобрата форма на одбрана. Ако 9 од 10 секунди јас сум фокусиран на тоа да те удрам, тогаш ти мораш да се браниш во тие 9 секунди.“

— Вонг Шун Леунг

Пол

Машки и Женски

Возрасни групи

Тинејџери (10-14)
Јуниори (15-19)
Возрасни (20+)

Овој клуб нуди:

Камп активности
Бесплатен прв тренинг

Го цениме вашето мислење

Забележавте грешка, неточна информација или нешто навредливо? Или имате предлог за нас? Кажете ни.