Развоен центар Чапи

• Моторни вештини • Образование за мали деца • Сензорни часови • Рано учење • Емоционална интелигенција •

Телефон071 845 369

Развоен центар Чапи - Центар за поддршка и третман на деца на предучилишна и училишна возраст и млади лица со типичен и атипичен развој

-Учиме низ игра, растеме низ движење-

За нас

Добредојдовте во Развоен центар Чапи - место каде секое дете добива простор да расте, да се движи и да го оствари својот единствен потенцијал.

Ние сме дефектолошко - психолошки центар посветен на поддршка и третман на деца, адолесценти и млади лица со типичен и атипичен развој, како и на нивните семејства. Во основата на нашата работа стои длабоко верување дека развојот не е само формален процес, туку животно патување кое бара стручност, трпение, љубов и искрена соработка.

Нашата филозофија

Во светот каде што децата пребрзо се соочуваат со очекувања, ние се враќаме на основите: играта, движењето и личниот контакт. Водиме грижа за целокупниот развој - од психомоториката, преку говорот и когнитивните вештини, па сè до емоционалната стабилност и менталното здравје. Знаеме дека секое дете има свој ритам, а наша задача е да го препознаеме тој ритам и да му обезбедиме сигурна средина за напредок.

Холистички пристап кој го гледа целото семејство како систем

Развојот на детето е невозможно да се гледа изолирано од неговата околина. Затоа, нашиот пристап е целосно холистички и сеопфатен. Тука сме да понудиме поддршка и на родителите - да ги слушнеме нивните грижи, да ги зајакнеме нивните родителски капацитети, да ги советуваме низ нивните секојдневни животни предизвици и заедно да креираме пат кон поголема самостојност, функционалност и квалитет на животот.          

Нашите услуги

Дефектолошка поддршка и третман:

  • Функционална проценка
  • Рана интервенција
  • Индивидуални дефектолошки третмани (Интеграција на примитивни рефлекси, реедукација на психомоторика, стимулација на моторниот, говорниот, когнитивниот и емоционално-социјалниот аспект од развојот и сензорна интеграција)
  • Едукативно-развојни групи за деца на возраст од 2-6 години
  • Подготовка за училиште
  • Советување на родителите

Психолошка поддршка и психотерапија:

  • Психолошко советување и евалуација
  • Индивидуална детска психотерапија
  • Индивидуална психотерапија

Закажете бесплатна консултација на 071/ 845-369 или посетете го нашиот веб и дознајте нешто повеќе за нас и нашите услуги.

Пол

Машки и Женски

Возрасни групи

Предучилишна (3-6)
Училишна (6-10)
Тинејџери (10-14)
Јуниори (15-19)
Возрасни (20+)

Го цениме вашето мислење

Забележавте грешка, неточна информација или нешто навредливо? Или имате предлог за нас? Кажете ни.