ФК Фит Кид main image
ФК Фит Кид

ФК Фит Кид

• Фудбал •

Телефон070 835 757

Фудбалска школа „Фит Кид“ – Тетово

Фудбалската школа „Фит Кид“ од Тетово претставува современ спортски колектив посветен на правилниот развој, едукација и усовршување на младите фудбалери на возраст од 5 до 14 години. Нашата мисија е преку спортот да создадеме здрави, дисциплинирани и одговорни личности, кои покрај фудбалските вештини ќе ги усвојат вредностите на тимската работа, почитта и спортскиот дух.

Во изминатите години, низ школата поминале повеќе од 450 деца, а денес активно тренираат над 130 млади фудбалери, поделени во повеќе возрасни категории. Тренинзите ги води стручен кадар Дипломирани професори по спорт , лиценцирани тренери со Ц и Б лиценци кои се со долгогодишно искуство во работата со деца и млади.

„Фит Кид“ е трикратен шампион во Детската лига на Фудбалската федерација на Македонија со генерацијата 2012 и еднаш со генерација 2011 - 2012 во Полошката лига, редовен учесник на бројни домашни и меѓународни турнири во Македонија, Србија, Бугарија , Хрватска, Грција и други земји.

Нашите фудбалери се учесници на престижни спортски кампови и натпреварувања, каде стекнуваат нови пријателства, искуства и спортски навики. Посебен акцент ставаме на индивидуалниот развој на секое дете, создавајќи позитивна и мотивирачка средина за напредок.

Нашите вредности:

• професионален пристап и квалитетна работа;

• дисциплина, почит и тимски дух;

• здрав развој и спортски начин на живот;

• индивидуален пристап кон секој фудбалер;

• учество на домашни и меѓународни турнири;

• создавање идни спортисти и добри личности.

ФК „Фит Кид“ Тетово – место каде што се создаваат идните шампиони, но пред сè добри луѓе.

Бидете и вие дел од нашето семејство.

Пол

Машки

Возрасни групи

Предучилишна (3-6)
Училишна (6-10)
Тинејџери (10-14)

Овој клуб нуди:

Летни тренинзи
Камп активности
Бесплатен прв тренинг
Учество на натпревари

Го цениме вашето мислење

Забележавте грешка, неточна информација или нешто навредливо? Или имате предлог за нас? Кажете ни.