
Code Mode Едукативен Центар
• STEM за деца • Други детски програми • Образование за мали деца •
Code Mode Едукативен Центар – програмирање, game development и дигитални вештини за деца
Code Mode е едукативен центар за програмирање и дигитални вештини за деца од 7 до 14 години. Регистрирани сме во Скопје и работиме целосно онлајн, преку редовни интерактивни часови на Zoom.
Нашата цел е децата технологијата да не ја користат само како средство за забава, туку да научат како да создаваат со неа – да програмираат, да креираат сопствени игри, да решаваат проблеми и да ги претвораат своите идеи во реални дигитални проекти.
Што учат децата?
Во Code Mode моментално нудиме курсеви за Roblox Game Development – Ниво I и Ниво II, преку кои децата на практичен и интересен начин учат:
- програмирање со програмскиот јазик Lua
- развој и креирање сопствени игри (game development)
- 3D моделирање и работа во дигитална средина
- основи на програмирањето – променливи, услови, циклуси и функции
- логичко размислување и решавање проблеми
- како една идеја чекор по чекор да се претвори во функционален проект
Најважниот дел од учењето е практичната работа. Наместо само да учат теорија и да решаваат изолирани задачи, учениците креираат сопствени игри и проекти кои можат да ги споделат и играат со своето семејство и пријателите.
Токму тоа го прави процесот поинтересен и им дава на децата конкретна цел кон која работат, затоа што креираат нешто свое.
Вештини што остануваат и надвор од програмирањето
Програмирањето не го гледаме само како учење на еден програмски јазик. Преку него децата развиваат вештини кои можат да ги применат и во други области:
логичко и аналитичко размислување, решавање проблеми, креативност, самостојност, истрајност, комуникација, тимска работа и самодове рба.
Овие вештини се корисни не само за напредно изучување на програмирање, туку и за училишни проекти, природни науки и секојдневното решавање проблеми.
Мали групи и индивидуален пристап
Работиме во многу мали групи од 3 до 5 ученици, што ни овозможува да посветиме внимание на секое дете и да го следиме неговиот напредок.
Бидејќи децата имаат различно предзнаење, темпо и начин на учење, се трудиме секој ученик да добие поддршка според своите потреби. Покрај редовните часови, достапна е и поддршка во текот на неделата преку групна комуникација, како и дополнителни индивидуални часови по потреба за домашни задачи, дополнително објаснување или совладување на материјалот.
За учениците кои сакаат целосно персонализирана настава, нудиме и Premium 1-на-1 часови. Тие се погодни за деца кои сакаат да напредуваат побрзо, да работат со свое темпо, имаат потреба од поголема индивидуална поддршка или едноставно најмногу им одговара индивидуална настава.
Групи и термини според можностите на семејствата
Сакаме да им излеземе во пресрет на родителите и при формирањето на групите и изборот на термините. Преку формуларот на нашата веб-страница: Резервирај место↗, родителите можат да резервираат место во група и да ги наведат деновите и термините кои најмногу им одговараат.
Врз основа на пријавите, се обидуваме да формираме мали групи со термини кои најмногу им одговараат на учениците и нивните семејства.
Настава на македонски и англиски јазик
Часовите ги одржуваме на македонски и на англиски јазик.
Англиските групи се наменети за деца на кои англискиот им е мајчин јазик, го изучуваат на училиште или сакаат паралелно со програмирањето да ги подобрат своите јазични вештини и да учат и комуницираат со врсници од интернационална средина.
Зошто Code Mode?
Во Code Mode веруваме дека знаењето не треба да зависи од адресата. Затоа наставата е целосно онлајн – на детето му се потребни само компјутер или лаптоп, интернет и желба за учење.
Нашиот тим го сочинуваат искусни софтверски инженери и едукатори со искуство со работа со деца во интернационална средина. Наставата ја базираме на практично учење, креирање и решавање проблеми, со цел децата да бидат активни креатори, а не само пасивни корисници на технологијата.
Во Code Mode освен што ги учиме децата како да програмираат, им помагаме и да научат како да размислуваат, да создаваат и ги претвораат своите идеи во нешто реално.
Пол
Возрасни групи
Галерија










