Центар за неформална едукација РастУм - Скопје

• Емоционална интелигенција • Креативни работилници • Други детски програми • Образование за мали деца • Практични животни вештини •

Телефон071 279 690

РастУм – место каде што растеме

РастУм е здружение посветено на неформалното образование, креативниот развој и создавањето инклузивни можности за деца, млади и возрасни.

Но, РастУм не го гледаме само како место каде што децата доаѓаат на активности.

Го гледаме како плодна почва – место во кое секој може да расте на свој начин, со свое темпо и со поддршка која му одговара.

Зошто постои РастУм?

Затоа што веруваме дека на децата не им треба само повеќе знаење.

Им треба простор да се запознаат себеси, да научат да ги препознаваат и изразуваат своите чувства, да создаваат, да поставуваат прашања, да соработуваат, да бидат различни и да се чувствуваат прифатено.

Сметаме дека поддршката не треба да започне дури кога ќе се појави проблем.

Важно е да ги развиваме вештините и силните страни уште денес – како подготовка за предизвиците што можат да дојдат утре.

Затоа во РастУм не зборуваме за „деца на кои им треба поддршка“.

Веруваме дека на секое дете му е потребна поддршка, разбирање и можност да расте.

Што сакаме да постигнеме?

Сакаме да придонесеме кон растење на деца и млади кои:

  • подобро се разбираат себеси и своите емоции;
  • имаат поголема самодоверба и чувство на сопствена вредност;
  • умеат да комуницираат, соработуваат и да ги почитуваат различностите;
  • развиваат креативност, љубопитност и критичко размислување;
  • учат како поефикасно да учат, да се организираат и да ги развиваат своите навики;
  • знаат дека грешката не е неуспех, туку дел од растењето;
  • се чувствуваат видени, слушнати и прифатени.

А паралелно со тоа, сакаме да создадеме простор во кој и родителите ќе се чувствуваат поддржани – затоа што растењето на детето е процес во кој не расте само детето.

Како го правиме тоа?

Во РастУм не учиме само со зборови.

Учиме преку искуство.

Користиме креативни алатки и внимателно осмислени активности преку кои децата можат да истражуваат, да создаваат и да се изразуваат:

креативно пишување, уметност, драмски и сценски активности, игра, движење, разговор, работа со емоции, активности во природа, тимска работа и различни практични задачи.

Активностите се прилагодуваат на возраста, потребите и динамиката на групата.

Не ни е цел сите деца да го направат истото на ист начин.

Напротив.

Ни значи секое дете да има простор да најде свој начин.

Затоа работиме во мали групи, каде што можеме навистина да го видиме и слушнеме детето, да го следиме неговиот развој и да му дадеме соодветна поддршка.

Инклузијата за нас не е посебна програма

Таа е начинот на кој работиме.

Веруваме дека различностите не треба само да се „толерираат“.

Треба да ги запознаеме, да ги разбереме и да научиме да живееме со нив.

Во РастУм сакаме децата да растат со свеста дека секој човек има свој ритам, свои способности, свои предизвици и своја приказна.

И дека различноста не значи помала вредност.

А каде се родителите во целата приказна?

Тука.

Затоа што за родителството нема прирачник.

Понекогаш ни треба информација. Понекогаш совет. Понекогаш само некој да ни помогне да ја погледнеме ситуацијата од друг агол.

Затоа РастУм сака да создава и програми, разговори и активности кои ќе им помогнат на родителите подобро да ги разберат потребите на своите деца и да добијат практична поддршка во секојдневните предизвици.

Во што веруваме?

Прифаќање.

Веруваме дека развојот не е трка.

Не постои едно правилно темпо.

Не мора секое дете да биде најдобро.

Потребно е да има можност да биде свое – и некој кој ќе верува во него додека расте.

Затоа постои РастУм.

Да создава простор каде што децата можат да растат, да истражуваат, да создаваат и да учат за себе и за другите.

Зашто секое дете носи приказна.

Пол

Машки и Женски

Возрасни групи

Предучилишна (3-6)
Училишна (6-10)
Тинејџери (10-14)
Јуниори (15-19)

Го цениме вашето мислење

Забележавте грешка, неточна информација или нешто навредливо? Или имате предлог за нас? Кажете ни.