Маја Фит е специјализирано фитнес студио во Скопје наменето исклучиво за жени кои сакаат да изградат сила, самодоверба и здрави животни навики во безбедна, мотивирачка и професионална средина. Под водство на лиценциран фитнес тренер со богато спортско искуство, студиото нуди индивидуален пристап и програми прилагодени на целите и можностите на секоја клиентка.
И поставивме неколку прашања на Маја:
- Како да изградиме навика за вежбање без да се чувствуваме како да „мораме“?
Фокусот треба да биде на дисциплината преку мала, одржлива конзистентност — изберете активност што ви носи енергија, започнете со полесни вежби и третирајте го тренингот како грижа за себе и одмор за умот, а не како казна или обврска.
- Дали жените треба да се плашат од тренинг со тежини?
Не, тоа е еден од најголемите митови! Ниското ниво на тестостерон оневозможува жените природно да станат „преголеми“. Тренингот со тежини не дава волумен, туку ги прави мускулите затегнати и дефинирани, го забрзува метаболизмот и ја штити густината на коските.
- Како да знаеме кој тип тренинг најмногу ни одговара?
Вистинскиот тренинг е оној во кој уживате и по кој се чувствувате полни со енергија. Пробајте различни стилови (функционален тренинг, пилатес , кардио вежби, тегови, вежби за сила) неколку недели и следете го нивото на стрес, замор и напредок во телото.
- Кои се најголемите придобивки од редовното вежбање за жените?
Покрај обликувањето на телото и губењето масни наслаги, најголемите придобивки се намалување на стресот, подобар сон и повеќе енергија. Редовниот тренинг носи посилен грб и поисправено држење на телото, поголема самодоверба, подобра мобилност и виталност — и што е најважно, целокупно подобро здравје и леснотија во секое движење.
- Ако можеш да дадеш само еден совет за жените кои сакаат да започнат со фитнес — кој би бил?
Не го чекајте совршениот момент, ниту идеалниот план — започнете веднаш! Малите чекори и дисциплината носат вистински резултати, бидејќи редовното вежбање е тоа што го менува телото, а не повременото и исцрпувачко вежбање. Бидете конзистентни и покажете му на вашето тело на што се е способно!
Ти благодариме Маја!
Повеќе на официјалниот профил:

Маја фит - Скопје | SkillStation
Откријте ги советите на Маја Фит, лиценциран фитнес и бодибилдинг тренер, за женски фитнес, тренинг со тежини, здрави навики и мотивација.




